Швајцарскиот федерален административен суд пресуди дека компаниите не можат да ги снимаат гласовите на клиентите без нивна изрична согласност, сметајќи ја оваа практика за кршење на личните права и приватноста.
Одлуката е поврзана со финансиската компанија PostFinance, која од 2018 година креира гласовни профили на клиенти кои се јавуваат во нејзината услуга, со цел да ги идентификува за време на идните повици, пишува Swissinfo , пренесува Telegraph.
Досега, клиентите беа известувани дека нивниот глас се снима и мораа активно да приговорат доколку не сакаа тој да биде зачуван.
Судот утврди дека продолжувањето на разговорот по ова известување не претставува изрична согласност.
„ПостФајнанс“ мора да добие согласност од клиентите за досега креираните гласовни профили или да ги избрише. Судот постави рок до средината на февруари 2027 година за овој процес. Одлуката може да се обжали до Швајцарскиот федерален суд.
