Кејт блескаше во впечатливо кралско син костум составен од преголема јакна со акцентирани ревери и широки панталони кои го следат еден од најголемите модни трендови во сезоната.
Под јакната носеше едноставна бела маица, што на целиот стајлинг му даде модерна, но ненаметлива нота.
Посебно внимание привлече нијансата на сина , која дополнително го истакна нејзиниот исончан тен и кафеава коса, собрана во елегантна висока опашка со нежни бранови.
Оваа фризура го отвори лицето и ги нагласи нејзините експресивни црти на лицето, додека дискретната шминка со природни тонови и благ сјај на усните придонесе за свеж и одморен изглед.
Накит
Изгледот го надополни со впечатливи сино-златни обетки кои совршено се вклопуваа со оделото, додека на реверот носеше традиционална значка од Вимблдон. На раката можеше да се види и тиркизна нараквица, што му даде на целото издание полежерен тон, додека нејзиниот препознатлив веренички прстен од сафир повторно беше во центарот на вниманието.
Фотографиите покажуваат дека Кејт Мидлтон била во одлично расположение, таа задржала голема насмевка на лицето додека разговарала со граѓаните и делела билети. Нејзиното самоуверено однесување, опуштениот говор на телото и топлиот пристап оставиле силен впечаток, а многумина коментирале дека изгледала поприродно и попристапно од кога било.


По пристигнувањето на Вимблдон, Кејт ја изненади публиката така што отиде директно на познатата редица за билети, разговараше со фановите, се фотографираше со нив, а потоа лично помогна во делењето на еднодневните билети.
Подоцна таа ја продолжи својата турнеја низ турнирот и гледаше натпревари на отворените терени заедно со поранешниот британски тенисер Тим Хенман, додека во кралската ложа ѝ се придружија принцот Вилијам, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Едно е сигурно, иако нејзиното доаѓање предизвика ентузијазам поради средбата со фановите, овој пат речиси исто толку внимание привлече и модното издание, кое веќе ги наведе многумина да го прогласат синиот костум за еден од нејзините најимпресивни стајлинзи во последно време.
