Целосното топење на сите глечери на Земјата би можело да го покачи нивото на морето до 150 метри, изјави Aна Козачек, научник од Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот (AARI) за РИА Новости.
„Според истражувањата, доколку сите глечери на планетата се cтопат целосно, нивото на морето би можело да се покачи за 60 метри, а земајќи ја предвид термичката експанзија на водата, до 150 метри“, рече Козачек.
Таа додава дека не се очекува такво сценарио да се случи во наредните векови.
„Нивото на морето низ целиот свет продолжува да расте. Од 1900 година, се зголемило за приближно 25 сантиметри, а сегашната стапка на раст е во просек околу три милиметри годишно“, заклучи таа.

Во март 2026 година, НАСА и Националниот центар за податоци за снег и мраз (NSIDC) објавија дека арктичкиот морски мраз достигнал зимски максимум од само 14,2 милиони квадратни километри, што е најнискиот регистриран зимски максимум откако започнале сателитските мерења во 1979 година.
Службата за следење на климатските промени „Коперник“ објави сателитски податоци кон крајот на март кои покажаа дека покриеноста со мраз паднала на најниско ниво а научниците регистрираа исчезнување на ледена површина двојно поголема од американската држава Тексас.
