back to top
12.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Ѓоковиќ откри кога планира да ја заврши кариерата: „Сакам да го направам тоа со српското знаме на рамената“

Други наслови

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, е при крајот на својата кариера, бидејќи има 39 години, а неговата игра е во голем пад.

Оваа недела, Ѓоковиќ беше шокантно елиминиран во второто коло на Мастерсот во Синсинати, каде што беше елиминиран од Тијаго Аугустин Тиранте.

Во интервју за каталонскиот весник „Спорт“, Ѓоковиќ денес повторно проговори за крајот на својата кариера, а овој пат рече дека планира да игра до Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.

„Би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа, но ќе видиме. Ќе зависи од тоа како ќе реагира моето тело и од многу други околности“, изјави Ѓокоовиќ за „Спорт“.

Ѓоковиќ денес игра помалку турнири отколку порано, бидејќи сака повеќе време за своето семејство и други животни улоги.

„Тенисот е сè уште центар на мојот професионален живот, но сакам да најдам рамнотежа. Се надевам дека ќе стигнам до Олимписките игри и така ќе ја завршам кариерата, со српското знаме на моите рамена“, рече Ѓоковиќ.

Следниот пат кога треба да го видиме Ѓоковиќ е на Отвореното првенство на САД, последниот Гренд слем турнир во сезоната, кој започнува на 30 август.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести