back to top
16.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Јаков Јозиновиќ беше преплавен од емоции на концертот во Скопје: Ви благодарам, живеам за чуда

Други наслови

Хрватскиот музичар Јаков Јозиновиќ настапи синоќа во арената „Јанe Сандански“ во Скопјe, а на крајот од концертот го преплавија емоции.

Јозиновиќ стана еден вид феномен откако претходно распродаде серија концерти во регионот. По синоќешниот настап во Скопје, го преплавија емоции, па низ солзи им се заблагодари на публиката за поддршката.

„Тоа би било тоа. Ви благодарам. Ви благодарам, Скопје, јас сум Јаков Јозиновиќ и летам за чуда“, рече тој.

По овие зборови, Јозиновиќ се поклони пред публиката, а тие го наградија со громогласен аплауз. Исто така, „Летам за чуда“ е името на неговата регионална турнеја.

Овој млад музичар неодамна ги претстави своите песни „Поље ружа“ и „Ја волим“, кои брзо станаа хитови. Исто така, пред неколку дена, Јозиновиќ успеа да го распродаде својот десетти концерт во Сава Центарот за само десет минути.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести