Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе го прогласи Ормутскиот теснец за територија на САД, нагласувајќи дека поморската блокада на неговата земја во тој регион е незапирлива.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во петокот изјави дека наскоро ќе го прогласи Ормутскиот теснец за американска територија, пишува breakingthenews.net.
„ Наскоро ќе го прогласам Ормутскиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави. Во суштина, тоа е тоа“, рече Трамп. „Имаме блокада; нема бродови што поминуваат освен ако ние не сакаме“, додаде тој, тврдејќи дека Иран е „многу тешко поразен“.
Американскиот претседател, исто така, повтори дека поморската блокада на неговата земја е „незапирлива“, нарекувајќи ја „челичен ѕид“. Тој истакна дека ако цените на нафтата се „малку“ повисоки во моментов, тоа е само затоа што Иран никогаш не би можел да има нуклеарно оружје.
