„Германскиот канцелар Фридрих Мерц, со само десет проценти поддршка во Германија, ја уништува земјата, а 90 проценти од Германците го разбираат тоа.“
Ова го изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
„90 проценти од Германците разбираат дека Мерц, со само 10 проценти поддршка, ја уништува Германија со милитаризам, миграција, енергетски неуспеси и одбивање да го промени својот катастрофален курс. Тој наскоро ќе поднесе оставка, а вие треба да ја трансформирате Минхенската безбедносна конференција од феуд на НАТО во вистинска платформа за мир“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X, одговарајќи на коментарот на Волфганг Ишингер, претседател на Минхенската безбедносна конференција.
Ишингер претходно изјави дека не смета оти има нешто контроверзно вопретходната изјава на Мерц дека „сака стабилни и предвидливи односи со Русија, Русија да ја заврши својата агресивна војна против Украина и да се врати во европскиот мировен поредок“.
