back to top
11.8 C
Skopje
недела, 22 ноември , 2026

Џенифер Лопез: Она што мислев дека е љубов, всушност не е, луѓето ветуваат цел свет во бракот

Други наслови

Во интервју за „Варајати“, Џенифер Лопез изјави дека романтичните врски не ѝ се приоритет во моментов.

Таа додаде дека во последниве години сфатила што всушност е љубовта.

„Не размислувам за тоа. Мислам дека научив многу во последните 20 години, но последните две години навистина беа посветени на тоа да станам посвесна за себе и да разберам што е љубов“, рече Лопез.

Пејачката и актерка е слободна откако се раздели од Бен Афлек во 2024 година, по две години брак. Претходно беше во брак со Оџани Ноа, Крис Џад и Марк Ентони, со кои ги има 18-годишните близнаци Макс и Ема.

„Како девојче, имав идеја за љубовта и минувајќи низ овој луд живот, сфатив дека она што го сметав за љубов всушност не е љубов. Во бракот, луѓето можат да ти ветат цел свет, да се обврзат и да направат сите големи гестови, но љубовта е нешто друго“, рекла таа.

Љубовта, додаде таа, не е свадби и бракови. „Тоа се дејствија, тоа е да се биде таму, разбирање. Не е заминување, тоа е доследност.“

Таа исто така изјави за „Варајети“ дека во моментов во нејзиниот живот нема токсичност или нездрави врски и дека се справува само со врската со себе.

„Не морам да излегувам со никого. Сега сум добро. Среќна сум и не сакам да го расипам тоа“, заклучи таа.

Лопез моментално го промовира концертниот филм „Шоуто на Џеј Ло: Во живо во Лас Вегас“, снимен на последниот настап од нејзината резиденција во Лас Вегас. Премиерата на филмот е на CBS на 26 ноември, а ќе биде достапна и за гледање на Paramount+.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести