Џејми Фокс го доби своето трето дете, а првото со девојката Алис Хакстеп, потврди извор за списанието „Пипл“.
Џејми Фокс и Алис Хакстеп за прв пат беа романтично поврзани во 2023 година. Двојката имаше турбулентна љубовна врска, а
минатата година дури и раскинаа . Сепак, се чини дека брзо сфатија дека не можат да живеат еден без друг и се смирија истата година .
Судејќи според најновите информации, тие не погрешиле што повторно ја започнале својата романса, бидејќи сега го пречекале
своето прво заедничко дете и круната на нивната љубов. Извор ја потврдил веста за списанието „People“, а името и полот на бебето сè уште не се откриени.
Да потсетиме, Џејми веќе има две ќерки од претходни врски – 18-годишната Анелиз и 32-годишната Корин.
