back to top
13.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Џеј Зи отворено проговори за обвинувањата за сексуален напад: „Не знаев како да се контролирам…“

Други наслови

Раперот Џеј-Зи отворено проговори за тужбата за сексуален напад од 2024 година, како и за влијанието што таа го имала врз целото негово семејство и менталното здравје.

Иако тужбата беше повлечена по неколку месеци – целиот процес, тврди тој, бил „емоционално исцрпувачки“. 

По повод три полни децении на сцената, Џеј Зи се обиде да објасни за „GQ“ како соочувањето со обвинувањата влијаело на неговата стабилност и врски. Иако веднаш по тужбата забележа дека „ништо од тоа не се случило“, „целата приказна беше исклучително интензивна и емоционално напорна“. 

„Бев многу повреден. Бев лут на начини на кои не бев одамна… Чувствував лутина што не знаев лесно да ја контролирам“, призна тој во интервјуто, а освен јавниот притисок, се грижеше и за последиците „што целата работа би ги имала врз неговите најблиски“. 

„Првата личност на која морав да ѝ кажам беше мојата сопруга (Бијонсе). Знаев дека тоа ќе влијае на нашето дете, на целото семејство и не можев да ја игнорирам сериозноста на тоа…“, рече тој на сметка на обвинувањата што се појавија во моментот кога неговата ќерка Блу Ајви ја имаше премиерата на својот филм.

„Беше многу исцрпувачка ситуација. Бев лут, повреден; ментално исцрпен. Никој не треба да поминува низ нешто такво. Иако обвинувањата не беа вистинити, емоционалното влијание беше вистинско, врз мене и моето семејство… Знаев дека ќе го пребродиме тоа затоа што, пред сè, не е вистина. И на крајот на денот, вистината е она што останува“, рече раперот. 

„Семејството е цврста основа на сè што правам. Сакам да ги носам на училиште, да ги гледам како растат. Тоа ми дава смисла. Сè друго е второстепено; семејството ни ја дава причината зошто се стремиме и се бориме“, рече тој, нагласувајќи дека „такви сериозни обвинувања не смеат да се изнесуваат туку-така“.

„Тоа не е нешто што му го ставате на некого без целосна безбедност. Пред една деценија имаше правила, не допирајте жени, не допирајте деца. Јас го „собрав“ тоа од улица и ми беше свето. Кога вакви работи се пласираат на пазарот, тие оставаат долготраен белег“, рече Џеј-Зи. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести