Автомобилот на пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ наводно бил запален пред семејната куќа на Бежанијска коса во Белград.
Според локалните медиуми, инцидентот се случил во текот на ноќта, кога џипот бил паркиран преку улицата од нивната куќа.
Како што објавува „Блиц“, пожарот избувнал на возилото, по што припадници на полицијата и противпожарната служба веднаш излегле на местото на настанот.

Засега нема поофицијални информации за тоа како започнал пожарот, ниту пак е познато што го предизвикало.
Исто така, засега не е познато дали пожарот е подметнат или инцидентот се случил од други причини.
Повеќе детали за овој настан се очекуваат откако надлежните ќе ги утврдат сите околности.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ засега јавно не се огласија за инцидентот.
