back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Адидас лансира ретро дрес од поранешна Југославија

Други наслови

„Адидас“ следната година ќе пушти на пазарот ретро дрес од поранешна Југославија, ексклузивно дознава порталот „Фути Хедлајнс“.

Имено, германскиот производител на спортска опрема на тој начин го продолжува успешниот тренд на оживување на класичните дресови на националните репрезентации од својата богата архива, а овој пат ќе ѝ оддаде почит на поранешната европска држава.

Сè уште не е официјално потврдено за кој историски дрес станува збор, но се знае дека репликата ќе биде дел од линијата „Адидас ориџиналс“.

Во пракса, ова значи дека дресот ќе го има класичното лого со детелина покрај историскиот грб на националниот тим.

Да се ​​потсетиме дека Југославија имаше богата фудбалска историја и подеднакво иконска колекција дресови што „Адидас“ ги произведуваше во текот на 1990-тите.

Тимот носеше впечатливи геометриски дизајни на патот до четвртфиналето на Светското првенство во Италија во 1990 година, а препознатливите шари ги красеа дресовите на „Адидас“ до крајот на таа деценија.

Бидејќи лансирањето не е закажано за следната година, навивачите и колекционерите ќе мора да бидат трпеливи пред да го додадат ова парче фудбалска носталгија во своите гардероби.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести