back to top
21.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Активен пожар кај Македонски Брод и Куманово, градската депонија Делчево под контрола

Други наслови

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последните 24 часа, до 7:30 часот утрово, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворени простори, од кои 2 се активни, 1 е под контрола, додека 20 пожари се изгаснати.

Моментално, гори ниска вегетација, нискостеблена шума и грмушки во близина на Македонски Брод, месноста Видуш кај селото Драгов Дол, а во исто време има активен пожар во Општина Куманово во населбата Средорек, каде што се гори ѓубре.

Според Централната агенција за управување со вонредни состојби, пожарот на градската депонија во Делчево е под контрола.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести