back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Албанец од Косово преживеа невидена трагедија во Швајцарија: Неговото сведоштво ја замрзнува крвта во вените!

Други наслови

Меѓу луѓето што се наоѓале во поштенскиот автобус што се запалил во Керцерс, во швајцарскиот кантон Фрибург, бил и Албанец од Косово, кој успеал да се спаси од трагедијата во која шест лица го загубија животот, а петмина беа повредени , пренесува порталот albinfo.ch.

Според извештајот на швајцарскиот медиум 20 Minuten, станува збор за Фатон Бериша, кој се здобил со изгореници по телото и оштетувања поради вдишување чад, но со големи тешкотии успеал да излезе од автобусот зафатен од оган.

Неговиот братучед Арби Бериша изјави дека пристигнал на местото на настанот само неколку минути откако избувнал пожарот.

„Фатон ми се јави и ми рече дека автобусот се запалил и дека треба што поскоро да дојдам на паркингот „Мигрос“. Во тој момент не знаев што да правам, само почнав да трчам“, рече тој.

Според него, го пронашол својот роднина малку подоцна кога излегол од тоалетот на ресторан во близина на местото на настанот.

„ Ми олесна кога го видов, но имаше изгореници на рацете, нозете и врвот на носот. Лицето му беше целосно поцрнето од чадот, а белите дробови му беа оштетени “, рече Арби.

Тој додава дека токму тој ѝ предложил на Фатона да се качи со автобус за да се врати дома.

„ Тој излезе на кратка прошетка и ме повика да ме праша како да стигне дома. Му реков да се качи на автобус “, се присети тој.

Според сведочењето на Фатон, моментите кога избувнал пожарот се случиле многу брзо. Тој седел на средина од автобусот, во близина на влезната и излезната врата. Се сомнева дека маж кој бил во близина на велосипедскиот простор извадил запалка и се полил со бензин.

„ Во тој момент, Фатон гласно извика. За пет или шест секунди, автобусот беше целосно исполнет со чад и повеќе ништо не можеше да се види “, рече Арби, пренесувајќи го сведоштвото на неговиот братучед.

На почетокот вратата од автобусот не се отвори, а Фатон доби изгореници на рацете обидувајќи се да ја отвори .

„Подоцна ја слушна вратата како се отвора и со голем напор излезе. Тогаш ме повика“, рече Арби, кој живее на околу 200 метри од местото на настанот.

Повредениот маж е префрлен во болницата Инселспитал на лекување, каде, според семејството, има најтешки изгореници на рацете, додека неговата состојба се смета за релативно стабилна.

Сепак, покрај физичките повреди, тој се соочува и со психолошките последици од настанот.

„Тој е многу трауматизиран и не може да спие“, рече неговиот роднина.

Во меѓувреме, друг Албанец кој бил во близина на местото на настанот, Астрит Б., сопственик на бар во Керцерс, изјавил дека полицијата била во неговиот бар непосредно пред инцидентот за да пријави кражба.

Тој вели дека ситуацијата одеднаш се променила кога еден од полицајците ја слушнал комуникацијата преку радио.

„Полицијата беше во мојот бар поради кражба. Одеднаш еден од нив рече: „Ве молам бидете тивки“, бидејќи ја слушаше комуникацијата на радио. По неколку моменти рече: „Мораме веднаш да заминеме, итна е ситуацијата“, изјави тој за швајцарскиот медиум „Блик“.

Неколку моменти подоцна, тој виде голем облак од чад на небото.

„ Полицајците влегоа во автомобилот и пристигнаа на местото на настанот за околу 30 секунди . И јас веднаш ги следев – она ​​што го видов беше шокантно“, рече тој.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести