Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги повика сите Албанци да учествуваат на маршот „Правда, а не политика“, што ќе се одржи на 17 февруари во Приштина.
Повикот за марш во одбрана на поранешните лидери на ОВК доаѓа откако Специјалното обвинителство во Хаг побара 45 години затвор за четворицата поранешни лидери Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.
„Ве поканувам сите заедно да маршираме за „Правда, а не политика“ на 17 февруари 2026 година, во 14:00 часот – плоштад Скендербег, Приштина, во поддршка на луѓето кои придонесоа за слободата и независноста што ја уживаме денес“, вели Ахмети во видео споделено на Фејсбук.
