back to top
20.8 C
Skopje
среда, 21 октомври , 2026

Американец осомничен за измама со криптовалути од милијарда долари уапсен во Истанбул

Други наслови

Лице осомничено за вмешаност во измама со криптовалути вредна околу една милијарда долари е уапсено во Истанбул, Турција, објави турскиот министер за правда Акин Гурлек.

Американскиот државјанин Ричард Џејмс Шулер беше меѓународно баран со црвена потерница за негово апсење, поради сомневања за вмешаност во шема за измама со криптовалути.

Турските власти го лоцираа осомничениот во населбата Бешикташ во Истанбул, каде што потоа беше спроведена полициска операција. За време на операцијата, полицијата ја уапси и неговата сопруга.

За време на претресот на станот каде што престојувале осомничените, властите заплениле значителна количина пари и вредни предмети. Меѓу нив имало 600 илјади долари, 24 луксузни часовници и златен накит, пишува cnnturk.

Покрај пари и вредни предмети, полицијата пронашла и запленила и огнено оружје, муниција, дронови, мобилни телефони и компјутерска опрема. Се очекува овие уреди да бидат испитани како дел од истрагата за случајот.

Според извештаите, истрагите се поврзани со сомнителна измама во секторот за криптовалути, чија вредност се проценува на околу една милијарда долари. Сепак, во објавените информации не беа откриени целосни детали за тоа како функционирала шемата и бројот на засегнати лица.

По апсењето, осомничените биле спроведени во полиција за понатамошни законски постапки. Се очекува властите да продолжат со истрагите за да ја разјаснат нивната евентуална улога во овој случај и да утврдат дали се вклучени и други лица.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести