Поранешната тенисерка број еден во светот, Ана Ивановиќ, се врати на играње тенис на површината што ја сака најмногу – земјена.
Пред, за време и по бракот со Бастијан Швајнштајгер , или поточно по завршувањето на нејзината професионална кариера,
Ана Ивановиќ се труди максимално да ужива во животот , па затоа често ја гледаме насмеана и позирајќи на некоја егзотична локација на социјалните мрежи.


Овој пат, таа дополнително ги воодушеви своите следбеници со објава, бидејќи наместо да оди на плажа или на моден настан, се врати на поприродно место – тениското игралиште. И тоа на земјена подлога, подлогата на која го постигна најголемиот успех во својата кариера, а тоа беше освојувањето на Ролан Гарос во 2008 година.
„Сезона на глина“, напиша Ана на Инстаграм, а одговорите беа полни со хумористични коментари за тоа како Ивановиќ сака да се врати во професионалниот тенис. Погледнете:
