Новата година ќе донесе и значителна промена во правилата за прославување на голови во Англија, бидејќи Премиер лигата одлучи да забрани еден начин на прослава, кој е веројатно најпрепознатливиот и најпопуларниот.
Имено, од 1 јануари, Премиер лигата им забрани на фудбалерите да ги прославуваат своите голови лизгајќи на колена на теренот.
Од почетокот на 2026 година, судиите во Премиер лигата ќе ги казнуваат ваквите прослави на голови со жолти картони, а раководството на Премиер лигата понуди објаснување за оваа одлука.
Како што рекоа, прославувањето на гол со лизгање на теренот на колена предизвикувало повреди кај самите играчи, а сега лидерите во лигата очигледно решиле да ги заштитат.
Значи, во Англија, оваа прослава веројатно наскоро ќе биде заборавена, бидејќи играчите сигурно ќе избегнат да добијат жолт картон на овој начин.
Интересно е што ваков вид прослава го искористи Бруно Фернандеш во понеделник вечерта, во победата на Манчестер Јунајтед над Вулверхемптон од 4-1, а речиси сите фудбалери во најсилната лига на светот знаеја како да ја искористат.
