back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 10 октомври , 2026

Арсенал ја даде најголемата понуда ова лето за трансфер што би го потреслол фудбалскиот свет

Други наслови

Новиот англиски шампион Арсенал сака дополнително да го засили својот тим, а шпанскиот „Диарио АС“ објавува дека овој тим испратил речиси неверојатна понуда за Хулијан Алварез.

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез е на работ да го напушти Атлетико Мадрид, но прашањето е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата. Иако самиот Алварез сака да се приклучи на Барселона, тој е главна цел на Арсенал.

„Диарио АС“ утрово пишува дека Арсенал испратил сосема неверојатна понуда од 100 милиони евра и Виктор Ѓокерес за Хулијан Алварез.

Со оглед на тоа што Ѓокерес е проценет на 65 милиони евра, јасно е дека ова е потенцијално најголемиот трансфер на летото што би одекнал во фудбалскиот свет. Ова би му дало на Арсенал значително посилен тим од оној што неодамна го освои англиското првенство и играше во финалето на Лигата на шампионите.

Сепак, Алварез има сосема поинакви идеи. Тој сака да се пресели во Барселона, има усмен договор со каталонскиот клуб, но Барселона во моментов не може да си го дозволи.

Арсенал заврши три трансфери ова лето, откако ја освои титулата во англиската Премиер лига. Го купија Гркот Христос Цолис од Клуб Бриж за 40 милиони евра, го доведоа голманот на Лидс, Илан Меслиер, како слободен трансфер и го купија Пјеро Хинкапи од Баер Леверкузен за 40 милиони евра, иако Хинкапи веќе играше за Арсенал како позајмен играч минатата сезона.

Леандро Тросард, Јакуб Кивиор и Карл Хајн го напуштија клубот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести