Општина Струга на јавна аукција го продаде службеното возило „Ауди“, кое го купи поранешниот градоначалник Рамиз Мерко.
Како што известува општината, на аукцијата учествувале девет понудувачи од Струга, Охрид, Битолско и од Скопско. Највисоката понуда, вредна 22.000 евра, ја доставила компанија од Битолско, која била прогласена за победник.
Општината најавува дека средствата од продажбата ќе бидат искористени за намалување на општинскиот долг.
Во соопштението се наведува дека сегашната администрација има за цел рационализирање на трошоците и дека не смета дека употребата на луксузни возила во општинската администрација е неопходна.
Исто така, Општина Струга нагласува дека ќе продолжи со политиките на намалување на трошоците, зголемување на транспарентноста и управување со јавните финансии.
