back to top
14.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Ахмети: Војната на ОВК беше и останува праведна

Други наслови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потврдува дека по Приштина и Тирана, сега и во Скопје ќе се организира протест на кој ќе се бара правда за водачите на ОВК кои се наоѓаат во Хаг.

„Плоштадот Скендербег во Скопје ќе биде моќниот глас на граѓаните кои бараат правда за нашите ослободители.“

Војната на Ослободителната војска на Косово беше и останува праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет. Правдата за борците за слобода не може да се гради врз политички обвинувања, измислици и измислени докази од страна на Србија и Русија.

„Како што стоевме рамо до рамо со борците на ОВК во Приштина и Тирана, така ќе стоиме и во Скопје, горди, решителни и непоколебливи во одбрана на нашата вистина, објективната вистина“, се наведува во најавата на Ахмети.
Тој потврдува дека протестот ќе се одржи на 13 декември, во 13:00 часот.

Ве потсетуваме дека и ОВК-УЧК на Косово го потврди своето учество во протестот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести