back to top
10.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Багаеи: Не очекуваме „нова Америка“ по изборите за Конгресот во САД, нивното зло кон Иран трае 70 години

Други наслови

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека Иран не очекува да се појави „нова Америка“ по утрешните избори за Конгресот на САД и дека сè зависи од тоа дали Вашингтон ќе ги прифати иранските барања.

„Злото на Америка кон Иран трае повеќе од 70 години“, рече Багаеи на неделниот брифинг за медиумите, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека Иран има намера да продолжи со дијалогот преку посредници за да ги оствари своите барања. Сè, нагласи тој, зависи од тоа дали САД „ќе ги исполнат барањата и ставовите на Иран, а потоа треба да разговараме за следните чекори“.

Багаеи, исто така, ги повтори тврдењата за израелското влијание врз Вашингтон, велејќи дека контрадикторните изјави на САД за Иран ја оставаат меѓународната заедница збунета околу тоа кој всушност владее и донесува одлуки во американскиот систем.

„Со кого треба да разговараш во Америка? Дали сите патишта на крајот водат кон Тел Авив?“, праша тој.

Иранскиот портпарол изјави дека Иран нема да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) сè додека таа „не ги подмири своите долгови“.

„Генералниот директор на агенцијата му должи многу на Иран. Тој мора да ги подмири своите претходни долгови, а потоа можеме да разговараме за тоа како да продолжиме понатаму“, рече Багаеи за шефот на МААЕ, Рафаел Гроси.

Според него, Гроси станал „лице на криминалното и нелегално дејствување на Америка и ционистичкиот режим во нападот врз иранските нуклеарни постројки“.

Тој додаде дека Гроси не зазел никаков став и дека подготвувал „двосмислени извештаи“ за војната, поради што, тврди тој, кредибилитетот на агенцијата бил „сериозно нарушен“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести