back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 10 ноември , 2026

Бака Прасе лажираше апсење за видео: Се соочува со кривични пријави за предизвикување паника

Други наслови

Вишото јавно обвинителство во Белград утврди дека наводите за притворањето на српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни и најави кривична пријава против него за предизвикување паника и нереди.

На Инстаграм профилот на Илиќ во понеделник наутро беше објавено, со натпис „Тим на Бака Прасе“, дека бил одведен од неговиот стан од страна на маскирани лица околу 6 часот наутро и дека неговите соработници не знаат каде е. Во подоцнежна објава беше наведено дека е приведен и дека ќе биде задржан 48 часа поради неговата наводна поврзаност со случајот „Алта банка“, што неговиот тим го нарече лаги.

Потоа обвинителството ѝ наложи на полицијата итно да ги истражи овие обвинувања.

Во соопштението објавено од страна на ВЈТ вечерва, се наведува дека обвинителството и полициските службеници на полициската станица Савски Венац утврдиле дека наводите за киднапирање и апсење се лажни. Според соопштението, Илиќ им објаснил на полицајците дека ги објавил објавите бидејќи снимал клип за својот Јутјуб канал.

Обвинителството тврди дека со објавување лажни информации, тој ширел паника во јавноста, поради што против него ќе биде поднесена кривична пријава до Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал на штабот на полицијата во Белград.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести