Економскиот аналитичар Абил Бауш објаснува дека според економските индикатори, економијата има простор за мало зголемување на платите.
„Во првиот квартал од 2026 година, реалниот раст на БДП изнесуваше 3,1%, невработеноста беше 11,3%, а просечната нето плата во април достигна 48.779 денари.
„Ова значи дека економската активност и платите се зголемуваат, но растот мора внимателно да се калибрира, особено затоа што малите и средните претпријатија обезбедуваат околу 73% од вработеноста и не сите имаат иста финансиска моќ“, рече Бауш.
