Ужасен инцидент се случил по натпревар од аматерската лига во Северна Ирска, а според снимката, фудбалер бил повеќе пати удрен во главата пред соблекувалната.
Тепачката избувна во саботата по натпреварот помеѓу екипите на Келвин Олд Бојс до 21 година и ФК Вестленд Јанг Мен, одигран во рамките на БДФЛ Купот.
Имено, на видеото кое е објавено, се гледаат неколку фудбалери од еден тим како шутираат друг противнички играч.
Еден од напаѓачите го удира неколку пати во главата, додека друг конфликт може да се види во позадина на влезот во зградата.
Треба да се додаде дека целиот случај го истражува и полицијата.
