back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

БУРА ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО ХРВАТСКА: Ветерот го однесе покривот на спортската сала, дрвјата беа искорнати, температурата падна за дури 15 степени за еден час

Други наслови

Хрватска, а најголема штета досега е регистрирана во Ораховица, каде што ветерот крена дел од покривот на спортската сала на училиштето.

Силното невреме што ја погоди Хрватска во текот на изминатата ноќ и вчера попладне остави зад себе голема материјална штета во неколку делови од земјата. Силните дождови и бурниот ветер соборија дрвја, поплавија подруми и им го отежнаа животот на граѓаните, додека најголема штета е регистрирана во Ораховица , каде што ветерот крена дел од покривот на спортската сала на училиштето.

Според Индексот, во некои делови од Хрватска температурата се намалила за дури 15 степени за само еден час.

Вировичко-подравската жупанија соопшти дека бура, проследена со ветер што корнел дрвја, го погодила подрачјето на општина Лукач, а бурата го зафатила и подрачјето на Мартијанац во близина на Вараждин.

Командантот на доброволната противпожарна чета Мартијанец, Марио Балаиќ, за ХРТ изјави дека од почетокот на бурата, која започна кратко по 17 часот, пожарникарите извршиле бројни интервенции на неколку локации.

– На Врбановачки Бријег извршивме четири интервенции, три на Мартијанац, а уште две нè чекаат. Исто така, ја чекаме и Електра за да можеме да продолжиме со работата – рече Балаиќ.

Како што додаде, пожарникарите, покрај соборените дрвја, интервенирале и поради неколку поплавени подруми.

Силните дождови и бурните ветрови најмногу ги погодија подрачјата Нови Мароф, Вараждинске Топлице и Лудбрег, каде што беа делумно поплавени полиња засадени со тикви и пченка.

Покрај обилните врнежи од дожд и силниот ветер, беше забележан и нагло опаѓање на температурата, која за само еден час се спушти од 34 на 19 степени Целзиусови. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести