back to top
5.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Вечната дилема решена: Силвестер Сталоне конечно избра помеѓу Роки и Рамбо

Други наслови

За милиони филмски фанови низ целиот свет, тоа е прашање кое се поставува речиси 50 години – Роки Балбоа или Џон Рамбо? Двата легендарни лика, оживеани од Силвестер Сталоне , претставуваат столбови на акционите и драмските филмови, но самиот актер конечно ја реши дилемата за време на јавно појавување.

Во видео кое стана вирално на социјалните мрежи, познатиот Слај се соочи со директно прашање од публиката: „Роки или Рамбо?“.

Пред да може да одговори, толпата едногласно избувна во извици: „Роки! Роки! Роки! “

Со насмевка на лицето, самиот Сталоне се придружи на извиците, триумфално извикувајќи „Роки!“, со што го потврди изборот на публиката, но и својот.

Погледнете ја оваа ситуација:

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести