Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравар во Гостивар, кои го доведоа градот до колапс, излегоа на површина, се вели во денешното соопштение за медиумите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според информациите, постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, бидејќи општинските власти поставиле пумпи во канализацискиот систем за зголемување на притисокот во водоводната мрежа. Во последните денови, над 1.000 граѓани на Гостивар, меѓу кои и деца со симптоми на труење, побарале медицинска помош во болницата, а според сомневањата, причина за ова е контаминацијата на водата за пиење во Гостивар“, велат од ВМРО.
Оваа ситуација, додаваат од ВМРО, е доказ дека сегашната коалиција нема капацитет да ја води оваа општина.
„Според оваа партија, ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата на СДС, ДУИ и Таравар, на таков непрофесионален, аматерски и незаконски начин ги извршуваат работните активности за кои граѓаните ги избрале.
Овој начин на водење на локалната самоуправа, кој ги остави граѓаните без основното право на чиста и безбедна вода за пиење, е доказ дека СДС, ДУИ и Таравар немаат капацитет да ја водат општината“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
