back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

ВМРО-ДПМНЕ разреши двајца функционери

Други наслови

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа состанок на кој беа донесени многу важни одлуки во врска со подготовките за следниот редовен партиски Конгрес, закажан за 6 декември во Кавадарци.

„Донесена е одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и ќе одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, додека генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да го утврди конечниот список на делегати согласно статутот на ОБРМ-ПДУКМ. Формиран е и организациски совет за подготовка на Конгресот“, се вели во соопштението на владејачката партија.

Централниот комитет донесе одлука за разрешување на Илија Стоилев од функцијата претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, по случајот со злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Донесена е и одлука за разрешување на Гоце Стоиловски од функцијата претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица.

Централниот комитет дискутираше и за резултатите од неодамнешните локални избори.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести