Водителката на временската прогноза на Би-Би-Си, Елизабет Ризини, го привлече вниманието на гледачите со својата модна изјава, по што следеа бројни реакции на социјалните мрежи.
Таа носеше тексас фустан, а додека ја прикажуваше прогнозата на екранот, нејзината нога дојде во преден план, а многумина мислат дека во еден момент била видена како носи стоечки чорапи. Изгледот го надополни со штикли и кармин.
„Ни ги трга мислите од лошото време“, „Прекрасна е“, „Временската прогноза на Би-Би-Си доби уште еден лојален гледач“, „Колку е жешка“, се некои од коментарите за Сју.
Елизабет Ризини сè уште не проговорила за „хаосот“ што го предизвикала со своите модни избори.
Таа почна да ја презентира временската прогноза на BBC South East Today кон крајот на 2010 година, а до септември 2011 година официјално стана дел од тимот на BBC откако помина обука во Метеоролошката служба.
