Сообраќајната несреќа се случила во утринските часови на патот Анкара-Истанбул, во близина на
Сарај.
Приватниот патнички автобус, кој сообраќал на релацијата Анкара-Кизилџахамам, излетал од патот откако возачот ја изгубил контролата врз воланот и удрил во потпорниот столб на пешачкиот надвозник.
По пријавите од случајни минувачи, бројни медицински, полициски и противпожарни екипи беа испратени на местото на несреќата. Според првичните информации, во несреќата загинаа 4 лица, а 13 се повредени.
Повредените беа извлечени од остатоците од автобусот и со амбулантно возило беа пренесени во блиските болници. Телата на четирите жртви беа пренесени во Институтот за судска медицина по прегледот од страна на надлежните екипи. За оваа несреќа е започната истрага.
