Руски војник, снимајќи се себеси и колега откако доставиле муниција и храна на непозната локација во Украина ја снимил својата смрт. Видеото на кое се гледаат неговите последни моменти брзо се прошири на социјалните мрежи.
Дуото вози по успешно завршена мисија, а на враќање наидуваат на пат полн со изгорени остатоци од воени возила, уништени во камиказе напади со беспилотни летала.
Патникот ги снима сцените со камера и опишува што се случува на предната страна околу него во тој момент, а потоа пророчки најавува што ќе се случи само неколку моменти подоцна.
– Кашестата вода е со мене, се враќаме од достава на храна и мини. По патот наидовме на наши кои беа погодени од FPV-дрон, па истото можеше да ни се случи и нам. Патот е полн со изгорени остатоци. Покрај тоа, ни се скина сајлата. Кашестата вода се обидува да го извлече максимумот од неа, менува брзини и притиска на гаста, вели војникот кон камерата.
Кратко пред неговата смрт, тој објаснува со какви проблеми се соочуваат руските војници.
– Воланот повторно бега, нема хидраулика, мораме заедно да свртуваме во остри кривини. Накратко, така е, но добро, навикнати сме, ни се допаѓа – додава Џине.
Додека ја изговара последната реченица, се слуша тресок и експлозија, а видеото се прекинува.
