back to top
27.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

ГАРАНЦИИ ЗА ДОНБАС Зеленски го отфрли барањето на САД: „Не сме идиоти, знаеме што значи тоа“

Други наслови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли предлозите според кои добивањето безбедносни гаранции од САД би било условено со откажување на Украина од Донбас .

Голем број западни медиуми претходно објавија дека официјален Вашингтон ги условува безбедносните гаранции со предавањето на источноукраинскиот регион Донбас на Русија, а самиот Зеленски го потврди тоа.

„Велат дека гаранциите ќе дојдат дури по завршувањето на војната, а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од Донбас. Ние не сме идиоти. Знаеме што значи тоа“, рече Зеленски во интервју за германскиот ZDF.

Тој додаде дека некои американски претставници, вклучувајќи ги Џаред Кушнер и Стив Виткоф , веруваат дека Русија ја добива војната, но нагласи дека таквата проценка е погрешна. Исто така, истакна дека Украина продолжува со конструктивен дијалог со Вашингтон.

Зборувајќи за можни чекори кон деескалација на конфликтот, Зеленски посочи дека Украина би можела да престане да ја таргетира руската енергетска инфраструктура ако Русија престане да напаѓа украински енергетски цели.

Тој повтори дека Русија мора да плати за штетата предизвикана за време на војната, или доброволно или преку економски механизми.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести