back to top
26.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Георгиевски: Бугарија останува единствениот сосед што триесет години не изградил никаков инфраструктурен проект кон Македонија

Други наслови

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, ја фали Албанија за напредокот во инфраструктурата на земјата. Тој смета дека нашиот западен сосед имал голем економски развој во последните години, а од друга страна, има забелешка за Бугарија во однос на нејзината инфраструктура и поврзаност со Македонија.

„Неколку пати патував по автопатот Блаце-Приштина-Тирана, но другиот ден отидов специјално да патувам по автопатот Тирана-Ќафасан, кој се одвива со невидена брзина, и автопатот Тирана-Дебар, кој ме импресионираше особено со живописниот пејзаж низ кој минува, но и со бројните тунели и мостови.

Економскиот развој на Албанија е невиден во последните десет години.

„Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема изградено никакви инфраструктурни проекти кон Македонија“, се вели во објавата на Георгиевски на социјалните мрежи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести