back to top
30.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Георгиев: Ќе му предложам на Радев да побара од ЕУ да ги суспендира сите средства за Северна Македонија

Други наслови

Бугарскиот пратеник Ангел Георгиев од тамошната партија со националистички и контроверзни ставови кон Македонија, „Преродба“, на маргините на бугарскиот парламент, во коментар за палењето на дипломатските возила на бугарската амбасада во Скопјe, рече дека ќе му предложи на претседателот Румен Радев да побара од ЕУ да ги запре сите европски средства за Северна Македонија.

„Предлагаме решение со кое премиерот Румен Радев би побарал од ЕУ апсолутно да ги запре сите европски средства доделени на Република Северна Македонија. Ова е единственото функционално решение што ќе го принуди нашиот сосед да преземе вистински реформи, бидејќи гледаме дека тој нема желба за реформи и да се приклучи кон ЕУ.“

„Сведоци сме на празните слогани на некои виновници од Бугарија – ГЕРБ, ДПС и ПП-ДБ, кои го поддржаа укинувањето на ветото за Северна Македонија“, нагласи тој, објавија бугарските медиуми.

Според него, ова е неприфатливо и одговорност е на тамошниот премиер и на Советот на министри да водат надворешна политика.

„Гледаме дека со години, оваа надворешна политика и меките акции не доведоа до ништо позитивно, а ситуацијата се влошува. Излегува дека сите европски даночни обврзници на крајот трошат пари за Северна Македонија“, додаде Георгиев.

Според него, ЕУ ја охрабрува антибугарската кампања со тоа што не реагира. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести