back to top
12.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

Германскиот енергетски гигант се откажува од САД

Други наслови

Германскиот енергетски концерн RWE се откажа од сите планирани големи проекти за изградба на морски ветерни фарми покрај брегот на Соединетите Американски Држави.

Тој се откажа откако постигна договор за спогодба од 1,2 милијарди долари со Министерството за внатрешни работи на САД.

RWE објави дека ги враќа изнајмените офшор локации покрај бреговите на државите Њујорк, Калифорнија и Луизијана, со проценка дека нема да може да добие дозволи за тие проекти во догледна иднина, објавува „Шпигел“.

Германската компанија првично ги купи гореспоменатите локации од американската влада за да развива ветерни фарми на море, инвестирајќи повеќе од 1 милијарда долари во закупи и ран развој на проекти. 

Се тврди дека спогодбата служи за решавање на сите барања за отштета против Вашингтон и враќање на инвестираните средства.

Овој потег е дел од пошироката политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која продолжува да ги ограничува обновливите извори на енергија како што се сончевата и ветерната енергија.

RWE не е единствената компанија што се откажа од американскиот пазар. Во април оваа година, американската влада имплементираше сличен модел со Bluepoint Wind и Golden State Wind.

Споменатите две компании се согласија да го суспендираат развојот на нивните офшор ветерни фарми во замена за вкупно околу 900 милиони долари владина компензација, со обврска да не започнуваат нови проекти за офшор ветерни фарми во САД.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести