back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Градоначалникот на Дебар Фисник Мела во официјална посета на Љубљана: Размена на искуства за урбан развој и заштита на животната средина

Други наслови

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, оствари официјална посета на Љубљана, каде што беше примен од градоначалникот на словенечката престолнина, Зоран Јанковиќ. Посетата беше реализирана со цел размена на искуства и добри практики во управувањето со современите градови.

На средбата се разговараше за повеќе теми поврзани со урбаниот развој, модерното управување со градовите и организацијата на комуналните услуги. Посебен акцент беше ставен на одржливиот развој и на моделите што Љубљана ги применува во областа на јавниот превоз, урбанистичкото планирање, чистотата на градот и управувањето со јавните простори.

Во рамките на посетата, делегацијата од Дебар оствари средба и со заменик-градоначалникот на Љубљана, Дејан Црнек, како и со раководителот на секторот за заштита на животната средина. На овие состаноци се разговараше за политиките и практиките што градот Љубљана ги спроведува во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Од Општина Дебар посочуваат дека ваквите средби се важни за размена на искуства и идеи кои можат да придонесат за понатамошниот развој на општината и подобрување на услугите за граѓаните.

Од делегацијата упатија благодарност за топлото гостопримство и подготвеноста за соработка од страна на домаќините во Љубљана.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести