back to top
2.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Град Скопјe ќе донира 20.000 евра на Венецуела

Други наслови

Градот Скопјe издвои 1.200.000 денари финансиска помош за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, објави градоначалникот на Град Скопјe, Орце Ѓоргиевски.

Cкопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа рана длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човештвото мора да биде најгласно. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не беше оставено само. Светот му подаде рака, луѓе од сите континенти му помогнаа на градот да се прероди од урнатините, а меѓу првите земји што застанаа покрај него со помош и солидарност беше Венецуела. Скопје не го заборава ова.

„Затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Градот Скопје одговара со хуманост, почит и поддршка“, вели Ѓоргиевски.

Тој, исто така, изразува сочувство до семејствата на жртвите и им посакува брзо закрепнување на повредените.

„Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти. Скопје е изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела. Затоа денес Скопје е светски град“, напиша Ѓорѓиевски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести