Додека е ладно надвор или врне снег, нема ништо подобро од дружење со пријатели на греано вино. Тоа загрева и опушта, а некои го нарекуваат народен лек. Ви донесуваме рецепт за едноставна подготовка на овој пијалок.
Состојки:
1 литар црвено вино
15 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
1 кесичка цимет
1 лажичка мелено морско оревче
200 мл вода
1 портокал
Подготовка:
Во соодветно тенџере истурете вода, шеќер, ванилин шеќер, цимет, мускатно оревче и кора од портокал. Оставете да зоврие околу 10 минути на тивок оган. Потоа додадете еден литар вино и оставете да зоврие. Истурете топло вино во чаши и сервирајте.
уживајте!
