back to top
24.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Гунвор се откажа од купувањето на рускиот Лукоил поради САД: Голем пресврт, еве што се случи

Други наслови

Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ се откажа од купувањето на „Лукоил“. Таа објави дека ја повлекува својата понуда поради САД.

Швајцарската трговска куќа  „Гунвор“ , која понуди да ги купи меѓународните активи на рускиот нафтен гигант, во четвртокот соопшти дека ја повлекува својата понуда откако САД изјавија дека никогаш нема да го одобрат договорот.

„Претседателот Доналд Трамп јасно стави до знаење дека војната мора веднаш да заврши“, објави официјалниот профил на Министерството за финансии на САД на мрежата X.

„Додека Владимир Путин продолжува со своите бесмислени убиства, марионета на Кремљ, Гунвор, никогаш нема да добие лиценца за бизнис и профит.“

„Изјавата на Министерството за финансии е фундаментално погрешна и неточна“, изјави портпаролот на „Ганвор“, Сет Пјетрас, за „Политико“.

„Во меѓувреме, Гунвор ја повлекува својата понуда за меѓународните средства на Лукоил.“

Овие остри изјави доаѓаат откако Лукоил минатата недела објави дека прифатил понуда од мултинационална трговска куќа за купување на нејзиниот меѓународен бизнис, откако Трамп најави санкции против енергетската компанија. Лукоил соопшти дека Министерството за финансии на САД мора да го одобри договорот пред компанијата официјално да биде ставена на црната листа на 21 ноември.

Во Европа, Лукоил поседува две рафинерии во Бугарија и Романија, 45 проценти удел во холандска фабрика за преработка на гориво и околу 2.000 бензински пумпи.

„Гунвор“ е основана во 2000 година од шведскиот милијардер Торбјорн Торнквист и Генадиј Тимченко, еден од најблиските соработници на Путин, а компанијата со години беше најголемиот извозник на руска нафта во светот.

Во 2014 година, неколку дена пред САД да воведат санкции врз поранешниот ко-сопственик на „Гунвор“ по руската анексија на Крим, Тимченко го продаде својот удел од 43,6 проценти во компанијата. Оттогаш, „Гунвор“ се обидува да се дистанцира од Русија.

„Ганвор отсекогаш бил отворен и транспарентен во врска со своето сопствеништво и работење и активно се дистанцирал од руските зделки повеќе од една деценија, продавајќи руски средства и јавно осудувајќи ја војната во Украина“, рече Пјетрас.

„Со нетрпение ја очекуваме можноста да го исправиме ова очигледно недоразбирање.“

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести