back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Дали дојде крајот на НАТО пактот? Трамп и Руте разговараат за напуштање на САД од Алијансата

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за можноста САД да ја напуштат Алијансата, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит .

Според неа, двајцата веќе разговарале „искрено и отворено“ порано денес, објави Си-Ен-Ен.

Трамп наводно рекол дека „ НАТО е тестиран и не го поминал (тестот)“.

„Тие не го положија тестот затоа што ни го свртеа грбот“, рече таа, алудирајќи на воздржаниот став и постапките на многу членки на НАТО во врска со војната на САД и Израел против Иран.

Трамп претходно изјави дека е многу разочаран од НАТО во врска со конфликтот со Иран, наведувајќи дека тековната војна оставила трага врз Алијансата „која никогаш нема да исчезне“. Трамп на прес-конференција во Белата куќа изјави дека претставници на членките на НАТО ќе дојдат кај него во среда и дека сега сакаат да му помогнат во конфликтот со Иран.

Тој тврдеше дека членките на НАТО сакаат да ја задржат помошта сè додека САД не ја добијат војната против Иран.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести