back to top
6.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Дали Путин доаѓа на Балканот? Го очекуваат на отворањето на руско-српскиот храм

Други наслови

Лидерот на Алијансата на независни социјалдемократи, Милорад Додик, изјави дека се очекува доаѓањето на рускиот претседател 
Владимир Путин во Бања Лука по повод отворањето на руско-српскиот храм.

„Го потврдив она за што претходно се согласивме. Ќе чекаме, секогаш кога ќе биде можно. Секогаш кога ќе биде можно, ќе го направиме тоа“, рече Додик на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Тој потсети дека оваа година веќе бил во Русија по повод Денот на победата на 9 мај, како и дека на 28 мај учествувал на Меѓународниот форум за безбедност во Подмосква и најави дека повторно ќе ја посети Москва кон крајот на септември, пренесува Спутник.

„Бев на 9 мај, бев на 28 мај, денес сум тука и ќе дојдам повторно. Единственото нешто што е сигурно е дека ќе бидам во Москва на 25 септември“, рече Додик во разговор со новинарите.




YouTube Video Thumbnail

Најнови вести