Дали сте слушнале за торта против депресија? Овој рецепт е создаден за време на Големата економска криза, односно Големата депресија, и е направен на многу едноставен начин.
Оваа торта е позната како „торта за депресија“ бидејќи потекнува од време кога состојките како јајца и млеко биле луксуз, но сепак е вкусна и лесна. За да ја направите, ќе ви треба:
- 200 грама брашно
- 200 грама шеќер
- Една лажичка сода бикарбона
- Малку сол
- Една лажица оцет
- Една лажичка екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
- Пет лажици масло
- 250 милилитри вода
Подготовка
Во сад измешајте го брашното, шеќерот, содата бикарбона и солта. Додадете го оцетот, ванилата и маслото. На крај, додадете ја водата и сè добро измешајте. Истурете ја смесата во намастен плех или калап.
Печете на 180 степени Целзиусови околу 30-35 минути. По желба, додадете малку шлаг, парче овошје или наросете со шеќер во прав.
