back to top
11.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Двајца американски војници убиени во Јордан, еден исчезнат: Aмериканската армија ја потврди информацијата

Други наслови

Двајца припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави беа убиени во Јордан за време на иранските напади, додека еден војник е исчезнат.

Информациите за смртта на американските војници ги објави Централната команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави (CENTCOM).

Во нападот беа повредени уште четворица американски војници, кои беа медицински евакуирани во болници во Јордан за помош. Пентагон потврди дека сите тие се отпуштени од болницата откако добиле медицинска помош.

Покрај нив, одреден број припадници на американските сили беа прегледани за полесни повреди здобиени за време на нападот, но по лекарските прегледи тие се вратија на извршување на своите должности.

Нападот се случи откако конфликтот меѓу САД и Иран повторно ескалираше, кој претходно беше запрен со потпишувањето на Меморандумот за разбирање пред неколку недели.

Американската војска изврши повеќе воздушни и ракетни напади врз воената и енергетската инфраструктура во Иран, откако иранските сили со беспилотни летала нападнаа неколку бродови во Ормутскиот теснец.

Поради новата ескалација, преминувањето низ овој клучен теснец е повторно отежнато, а Иран повторно ги напаѓа американските бази на Блискиот Исток.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести