back to top
14.3 C
Skopje
петок, 13 ноември , 2026

„Ден на мобилизација“ во Франција; Директорите на училиштата и факултетите објавија: „Заштитете нè“

Други наслови

Во Франција, за денес е најавен нов „ден на мобилизација“ во средните училишта, додека директорите на образовните институции повикаа на собири низ целата земја за да укажат на сè почестото насилство, нападите врз вработените и уништувањето на училишниот имот.

Синдикатот на директори на средни и нижи средни училишта SNPDEN-Unsa ги покани менаџерите на образовните институции да се соберат пред училиштата во 15 часот и да побараат конкретна поддршка од институциите во заштитата на вработените , објави BFMTV.

Директорите на училиштата сакаат да им дадат поддршка на колегите кои беа изложени на напади во последните недели, но исто така и да побараат итни мерки за решавање на кризата, за која веруваат дека образовните институции не можат сами да ја надминат.

Во Париз, собирот беше најавен пред Колеџот де Франс.

Повикот за мобилизација следеше откако францускиот премиер Себастијан Лекорни обвини некои вработени во образовниот систем дека се „соучесници“ во насилството што е регистрирано во некои средни училишта во последните денови.

Лекорни изјави дека некои млади луѓе имаат поддршка од вработените во јавните служби за време на насилни инциденти и блокади на училишта, но во исто време оцени дека ова е малцински феномен.

Францускиот премиер рече дека секој што учествува во вакви активности, без разлика дали е вработен во образованието или не, мора да сноси одговорност.

Според неговите зборови, против одговорните треба да се покрене постапка , или пред судските органи или преку дисциплински мерки.

Владата, исто така, го обвини левичарското движење „ Неосвоена Франција “ (LFI) за „соучество“ во одредени случаи на насилство и блокади на средни училишта. „Не треба да се биде наивен кога станува збор за улогата на одредени политички актери во протестите“, рече Лекорни.

Претставници на синдикатот на вработените во јавниот сектор денес во 9:30 часот треба да се сретнат со претставници на француската влада во палатата Матињон, каде што ќе разговараат за платите и куповната моќ на вработените.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести