back to top
17.8 C
Skopje
вторник, 20 октомври , 2026

Дејли Меил објави: Манчестер Сити се соочува со драстично одземање на бодови и сигурно испаѓање од лигата

Други наслови

Ексклузивна вест од англискиот „Дејли меил“ го потресе англискиот и европскиот фудбал.

Имено, Манчестер Сити би можел да се соочи со неверојатна казна за кршење на финансиските правила, што директно би го испратило во понизок ранг на натпреварувањето.

Според „Дејли меил“ , Манчестер Сити очекува огромно одземање на бодови во тековната сезона, казна од таков размер што го остава клубот без никакви шанси за опстанок во друштво на најдобрите. За да му биде уште потешко на актуелниот шампион, одземањето на бодови би можело да продолжи и во следната сезона. Сепак, според истите извори, клубот ќе го избегне најлошото сценарио: испаѓање во Втора лига, односно четвртото ниво на англискиот фудбал.

Експлозијата на инвестиции во Манчестер Сити започна во 2008 година, кога шеикот Мансур од Абу Даби го презеде клубот. Следеа астрономски инвестиции во засилувања на играчите, стручен персонал и клупска инфраструктура, што го трансформираше Сити во водечка сила во англискиот и европскиот фудбал.

Сепак, пред три години, Премиер лигата официјално го обвини клубот за дури 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот од 2009 до 2018 година.

Обвинението вклучува:

Неточно прикажување на приходите и финансиските извештаи

Неправилности со договорите за спонзорство (зголемување на вредностите преку поврзани субјекти)

Прикривање на реалните трошоци и исплата на плати на играчите и тренерите

Систематско кршење на правилата за финансиска одржливост и фер-плеј

Развојот на случајот доби клучен поттик во септември оваа година, кога независна комисија утврди дека повеќето од обвинувањата против Манчестер Сити се точни.

Клубот од „Етихад“ продолжува категорично да ги негира сите обвинувања и официјално поднесе жалба против наодите. Додека правните тимови водат битка зад затворени врати, официјалниот конечен исход и конкретните санкции сè уште не се објавени, но потенцијалните последици би можеле засекогаш да го променат лицето на англискиот фудбал.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести