back to top
23.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Домашен пијалак од ѓумбир за зајакнување на имунитетот: Совршена поддршка за силен имунитет

Други наслови

Домашниот пијалак од ѓумбир или шот од ѓумбир е едноставен, здрав и многу корисен пијалак кој брзо ќе ви ја зголеми енергијата, ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви ја подобри општата состојба.

Овој пијалок стана вистински хит меѓу љубителите на здравата исхрана, бидејќи во концентрирана форма носи многу придобивки за телото. 

Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, помага во зајакнување на имунитетот , го намалува гадењето и ги ублажува дигестивните проблеми. Неговиот остар вкус го освежува телото и умот, што го прави совршен за почеток на денот или природна поддршка за време на сезоната на настинки и грип.

Потребно е: 

  • 100 г свеж ѓумбир
  • сок од два лимона
  • 2 лажици мед (или по вкус)
  • 200 мл вода

Подготовка:

Исчистете го и исечкајте го ѓумбирот на помали парчиња (не треба да го лупите ако е органски). Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете мазна смеса.

Процедете низ ситно цедалка или газа за да ги отстраните сите влакна . Истурете го подготвениот пијалок во шише и чувајте го во фрижидер до една недела, пишува Okusno.je.

Кој не треба да зема ѓумбир? 

И покрај сите овие добри својства, ѓумбирот сепак може да предизвика несакани ефекти, па затоа не треба да се консумира во прекумерни количини, објавува порталот „Мис Здрава“ . 

  • Луѓе со улцерозен колитис – луѓето со воспалително заболување на цревата можат да имаат многу непријатни симптоми ако земаат големи количини ѓумбир.
  • Луѓе со нарушувања на крварењето – ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и го зголемува крвниот притисок.
  • Бремени жени – треба да го избегнуваат бидејќи може да предизвика грчеви во матката. На бремените жени особено им се препорачува да не консумираат чај од ѓумбир во последните две недели од бременоста.
  • Пред операција – бидејќи може да предизвика пообилно крварење.
  • Луѓе кои земаат одредени видови лекови – ова особено се однесува на лекови за срце, антихистаминици , лекови за рак и лекови за слабеење. Доколку земате лекови, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
YouTube Video Thumbnail

Најнови вести