Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја оствари третата последователна победа со Лејкерси, откако по пресврт во последната четвртина го победија Њу Орлеанс со 110:101.
Иако тимот не се истакна, особено во третиот дел од играта, Дончиќ и Остин Ривс го предводеа тимот до победа на крајот.
Сепак, Дончиќ беше налутен од новинарското прашање на прес-конференцијата по натпреварот.
Американските новинари повторно беа заинтересирани за односот и хемијата на теренот меѓу него, Леброн Џејмс и Остин Ривс.
„Ќе ми го поставуваш тоа прашање по секој натпревар?“, воздивна Словенецот, а потоа одговори:
„Победивме три натпревари по ред, откако завршивме со Ол-стар паузата, сите тројца играме заедно. Хемијата меѓу нас ќе се развива од натпревар во натпревар.“
