back to top
13.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Драма на аеродромот во Сплит: Авион на Croatia Airlines излета од пистата при полетување

Други наслови

Инцидент се случил на аеродромот во Сплит, каде авион на Croatia Airlines излетал од пистата за време на полетувањето.

Според првичните информации, авионот Airbus A220-300 со регистрација 9A-CAN требало да го реализира редовниот меѓународен лет OU412 на релација Сплит – Франкфурт, но полетувањето било прекинато од засега непознати причини. Авионот завршил на тревната површина покрај пистата.

Во авионот имало 130 патници и пет членови на екипажот, односно двајца пилоти и тројца членови на кабинскиот персонал. Од Croatia Airlines информираат дека нема повредени и дека сите патници безбедно го напуштиле авионот.

Од компанијата соопштија дека екипажот постапил согласно безбедносните процедури и навремено го запрел авионот. Патниците моментално се наоѓаат во терминалот на аеродромот во Сплит, каде им се обезбедува поддршка за продолжување на патувањето.

Croatia Airlines соопшти дека е во постојана координација со аеродромот во Сплит и надлежните служби, а повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на првичните проверки и официјалните постапки.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести