back to top
11.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

Еден човек бил спасен од пештера во Сардинија откако бил заробен на околу 10 метри под земја 26 часа.

Други наслови

31-годишен маж е извлечен жив од пештера на италијанскиот остров Сардинија, откако бил заробен околу 10 метри под земја 26 часа по уривање на карпа.

Во обемна и сложена операција, спасувачките екипи работеа без престан откако Лука Олмето остана заробен во пештерата Горопеду, во суровата планинска област Урзулеи, во централно-источна Сардинија, во недела попладне, пишуваат странските медиуми, според Телеграф.

Тој ја истражувал пештерата со својата девојка, која била неколку метри зад него, и за малку избегнал колапс, кој целосно го блокирал влезот во пештерата.

Таа успеала да избега без повреди и веднаш го вклучила алармот.

Спасувачите стигнаа до Олмето – кој остана свесен и способен да комуницира во текот на целата операција – доцна попладне во понеделник откако рачно отстранија камења и земја што го блокираа тесниот премин.

Потоа тие продолжија со деликатната операција на отстранување на големите количини материјал што ја покриваа пештерата, пред да ја ископаат.

Според „Раи њуз“, Олмето бил изнесен на површината кратко по 18:00 часот (локално време) и неговата состојба била стабилизирана од медицински персонал, пред да биде префрлен со хеликоптер во болница.

Во спасувачката операција учествуваа околу 48 експерти од Алпскиот спасувачки корпус и 30 пожарникари, како и персонал од цивилната заштита.

Исто така, хеликоптер ги транспортираше материјалите и опремата потребни за обезбедување на областа.

Пештерата Горопеду е во голема мера неистражена „природна празнина“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести